Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешам се произнесе за тоа што мисли за настапите на Антоан Гризман во првите две кола на Евро 2024.

Фудбалерот не ги реализираше своите шанси за гол на синоќешниот натпревар (0:0) со Холандија од 2. коло во групната фаза.

-Повеќе би бил загрижен доколку тој нема шанси. Гризман одигра подобро од првиот меч, но техниката го изневери, ова е невообичаено. На натпреварот со Холандија тој беше позициониран повисоко на теренот бидејќи имавме тројца играчи кои играа во средниот ред, изјави Дешам за „Marca“.

Францускиот тим води во групата Д со 4 бода. Холандија исто така освои 4, Австрија заработи 3, последна е Полска без ниту еден освоен бод



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2024 17:27