Рафаел Леао доби два жолти картони за симулација на два натпревара на ЕП 2024.
Во 39. минута од денешниот натпревар со Турција, португалскиот фудбалер доби жолт картон за симулација на фаул. Главниот судија на средбата Феликс Цвејер не дозволи да биде измамен.
И на натпреварот од првото коло, против Чешка (2:1), Рафаел Леао падна во шеснаесетникот, сакајќи да изнуди пенал по што доби жолт картон.
Така, фудбалерот на Милан доби два жолти картона за симулација на два меча на ЕП 2024 и ќе ја пропушти средбата со Грузија на 26 јуни.