Македонската репрезентација составена од ракометарки до 20 години обезбедија пласман во главната рунда на Светското првенство кое се игра во Скопје.

Македонките вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ ја совладаа Ангола со 28:24.

Нашата репрезентација групната фаза ја заврши со две победи и еден пораз и се пласира на 2. место во Х-групата.

Покрај Македонија, пласман во осминафиналето оствари и Исланд со максимални три победи.

Во Главната групна фаза, македонските ракометарки ќе играат со Португалија и против Црна Гора.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2024 03:43