Интер бара најмалку 60 милиони евра за Хакан Чалханоглу.
Претходно се дозна дека турскиот играч за врска е отворен за преселба во Баерн.
Во моментов ниту клубот од Минхен ниту претставниците на Чалханоглу не стапиле во контакт со Интер.
„Нероаѕурите“ го ценат 30-годишниот фудбалер на 60 милиони евра, пренесува „Corriere della Sera“.
На 32 натпревари од сезоната во Серија А што заврши, Чалханоглу постигна 13 гола (10 од пенали) и три асистенции.