Репрезентативецот од средниот ред на Манчестер сити, Фил Фоден, е уверен дека Англија има капацитет прв пат во историјата да стане европски фудбалски првак.
„Ја најдовме нашата форма. Не се согласувам со критиките и мислам дека добро го започнавме турнирот. Имаме четири бодови, што е добар показател. Малку непотребно од нас секогаш се очекува многу, но ние сме подготвени“, изјави Фоден за агенцијата ДПА.
Англија го почна ЕВРО2024 со победа од 1-0 над Србија и реми 1-1 со Данска, а медиумите на Островот традиционално ги критикуваат игрите на играчите. Сè повеќе се зголемуваат и коментарите дека Англија нема да може да ја освои европската титула.
Англискиот селектор Герет Саутгејт пред стартот на ЕВРО2024 објави дека ќе ја напушти функцијата доколку не успее да ја освои европската титула.
Англија е лидер во групата Ц со четири бодови, пред Данска (2), Словенија (2) и Србија (1). Во завршното трето коло Англија ќе игта против Словенија, во вторник.