Бранителот на титулата Италија со гол во последната минута избегна пораз (1-1) од Хрватска и обезбеди пласман во осминафиналето на ЕВРО2024 како второпласирана во групата Б во која Шпанија го освои првото место со максимален ефект по вечерашниот триумф над Албанија (1-0).
Хрватска на дуелот во Лајпциг беше на чекор до осминафиналето, откако Лука Модриќ донесе водство во 55 минута, само шеесетина секунди откако Луиџи Донарума му го одбрани ударот од белата точка на хрватскиот капитен.
Хрватска беше во водство до осмата минута од судиското продолжение кога Матија Закањи донесе голема радост за актуелниот европски првак.
На дуелот во Дизелдорф Шпанија ја продолжи серијата победи, совладувајќи ја Албанија со голот на Феран Торес во 13 минута.
Шпанија ја заврши групната фаза како првопласирана со девет бодови, пред Италија (4), Хрватска (2) и Албанија (1).