Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ не е импресиониран што стана најстариот голгетер во историјата на Европските првенства.
Триесет и осумгодишниот фудбалер синоќа погоди против репрезентацијата на Италија (1:1) во натпреварот од 3. коло на Европското првенство.
-Мојот рекорд? Тоа не ми значи ништо бидејќи не му помогна на тимот. Тажна ноќ, изјави Модриќ за „Madrid Xtra“.
Модриќ (38 години и 289 дена) го собори рекордот на Австриецот Ивица Вастиќ, кој постигна гол со 38 години и 257 дена на натпреварот против Полска на ЕП 2008 година.
Шпанија (9 бода) и Италија (4) директно се пласираа во плејофот на ЕП 2024. Хрватска освои 2 бода и има само теоретски шанси за пласман во осминафиналето