Македонската репрезентација вечерва во Скопје загуби од Црна Гора со 26:23 во натпревар од последното коло на групната фаза – основен дел.
Најефикасна во македонскиот состав беше Ива Младеновска со осум постигнати гола.
По овој пораз „црвено-жолтите“ ќе играат за пласман од 13. до 16. место.
Прв противник на Македонките во следната фаза ќе биде Јужна Кореја. Натпреварот ќе се оддигра в четвток со почеток 15:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Другата двојка е Египет – Кина