Ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер ги доби ривалите во групната фаза од новата сезона во Лигата на шампионите.

Битолчани се најдоа во групата А, а ова дефинитивно е поволна ждрепка бидејќи ја избегнаа „групата на смртта“.

Еве ги и противниците на Еурофарм Пелистер:

Група А: Висла, Веспрем, ПСЖ, Фредерициа, Фуксе Берлин, Спортинг, Динамо Букурешт, Еурофарм Пелистер

Група Б: Алборг, Магдебург, Барселона, Киелце, ПИК Сегед, Нант, Загреб, Колштад.

Новата сезона во ракометната елита ќе стартува во септември 2024 и ќе трае до Ф4-турнирот во јуни 2025 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2024 03:21