НБА лигашот Мајами официјално го објави денеска продолжувањето на договорот со центарот Бам Адебајо.

Иако финансиските услови не се обелоденети, американските медиуми јавија дека двете страни се согласиле на тригодишно продолжување на договорот од 166 милиони долари, што започнува со сезоната 2026-2027

„Да останеме тука“, напиша Адебајо на социјалните мрежи. Американецот заработи 34,8 милиони долари за сезоната 2024/2025 и 37,1 милиони долари за сезоната 2025/2026.

Адебајо (26) изминатата сезона има просек од 19,3 поени по натпревар, 10,4 скокови, 3,9 асистенции и 1,1 украдена топка.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2024 16:21