Третиот светски рекет, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз попладнево го победи Србинот Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон 2024 година - 6:2, 6:2, 7:6 (7:4).

Средбата траеше 2 часа и 30 минути. Алкараз сервираше пет пати ас, направи шест двојни грешки и реализираше пет брејк топки од 14 шанси.

Ѓоковиќ имаше осум асови, четири двојки и еден претворен брејк од три можности.

Алкараз вторпат по ред стана шампион на Вимблдон. Во минатогодишното финале, Шпанецот го победи Србинот во пет сета.

Вкупно, 21-годишниот тенисер веќе има четири победи на Грен слем турнирите. Претходно, тој триумфираше на Ролан Гарос (2024) и УС Опен (2022).



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2024 04:42