Дваесет и двократниот Гренд слем шампион, Шпанецот Рафаел Надал ги процени изгледите за кариерата на неговиот сонародник Карлос Алкараз.

- Имам впечаток дека зборуваме за играч кој ќе стане еден од најдобрите во историјата. Ова е моето чувство. Тој е играч со огромен потенцијал. Животот може брзо да се промени, вистина е. Никогаш не се знае што може да се случи во иднина, но денес, ако треба да предвидиме што ќе се случи во неговата кариера, предвидуваме неверојатни работи, изјави Надал за „Punto de Break“.

Во неделата Алкараз го освои трофејот на Вимблдон. Тој во финалето на турнирот го победи Србинот Новак Ѓоковиќ со резултат 6:2, 6:2 и 7:6 (7:4). Дваесет и едногодишниот Шпанец годинава го освои и Ролан Гарос. Вкупно има четири Грен слем титули во сингл.

Моментално е на третото место на АТП ранг-листата со 8.130 бодови.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2024 16:46