Натпреварувачите од Јапонија освоија шест злата по третиот натпреварувачки ден на Игрите во Париз и се лидери во поредокот на медалисти.

По пет златни медали имаат Франција, Кина, Австралија и Кореја.

САД имаат три, додека по две злата досега освоија Велика Британија, Италија, Канада, Хонгконг и Германија.

Со по едно злато се закитија олимпијците од Казахстан, ЈАР, Белгија, Азербејџан, Романија и Узбекистан.

Вкупно 36 држави имаат освоено барем по еден медал, Американците најмногу – 20.

Во текот на денешниот ден ќе бидат поделени 11 комплети медали во осум спортови.

Олимписките игри ќе траат до 11 август.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2024 15:01