Грчката репрезентација ја забележа првата победа на Олимписките игри и ја совлада Австралија со резултат 77:71 (25:24, 28:12, 9:14, 15:21).

Оваа победа најверојатно нема да им биде доволна на Грците, бидејќи мораа да победат со поголема разлика, но ќе го чекаат исходот на другите натпревари.

Во редовите на победничкиот тим најефикасен беше Адетокумпо со 20 поени, Вокап додаде 18.

Кај Австралија повторно добра партија имаше Лендејл, кој постигна 17 поени и додаде осум скока, а Пети Милс постигна 13 поени со низок процент на успешност при шут за два поени (5/15).



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2024 18:44