Италијанките Сара Ерани и Јасмин Паолини се олимписки шампионки во двојки во женска конкуренција.
Во финалето Италијанките беа подобри од Русинките Мира Андрејева и Дијана Шнајдер кои настапуваат под знамето на независните спортистки.
Ерани и Паолини славеа по тајбрејкот на мечот – 2:6, 6:1, 10:7.
Првиот сет им припадна на Русинките, во вториот Италијанките беа уште поубедливи.
На крајот, мечот го реши само еден мини брејк - Италијанките направија три, а Русинките два