Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром стартуваа со подготовките за новата сезона во која избраниците на тренерот Васко Атанасов влегуваат со амбиции да ја одбраната двојната круна во македонското првенство и да обезбедат враќање во Јадранската лига.
Американецот Брандон Слај и Србинот Милош Копривица, се двете нови засилувања во составот на МЗТ Скопје Аеродром во чиј редови Атанасов за новата сезона на располагање ќе има и браќата Дамјан и Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Андреј Андоноски, Марко Миловановиќ, Марин Петков и Хрватот Марко Баковиќ.
МЗТ Скопје Аеродром новата сезона ја почнува на 24 септември со дуелот против Теодо Тиват на домашен терен од АБА2-лигата.