Во Виборг, Данска, денес ќе стартува Европското првенство во планински велосипедизам Маратон во машка и женска конкуренција.
Дуња Иванова е правата Македонка која ќче земе учество во елитната женска сениорска категорија во конкуренција со најсилните претставници на националните тимови на сите европски земји.
Растојанието од 75км и 1800м висинско искачување која ја најавува организаторот, од возачите ќе бара подготвеност за брзи и технички козји патеки и адаптирање кон различни подлоги на теренот.
- Задоволство е да се почувствува свежина и подготвеност во Велосипедската федерација на Македонија за поддршка кон иницијативите на клубовите и нивните возачи, зашто токму оттаму потекнува и фундаментот за постоење на овој спорт воопшто. Со голема посветеност и низа сериозни настапи и резултати во Германија, Италија, Шпанија, Грција, Србија кои се зад нас како дел од оваа натпреварувачка сезона, сега нашиот фокус е кон натпреварот во Виборг. Посакуваме да имаме добар ден, малку среќа и успех за кој знаеме дека неминовно доаѓа како резултат на нашата посветеност“, вели Љубиша Кондев, тренер и еден од основачите на ВК Енерџи.
Дуња Иванова е државен првак во планински велосипедизам, со бројни домашни и меѓународни подиуми.