Данецот Холгер Руне ноќеска го победи Британецот Џек Дрејпер во четвртфиналето на турнирот од серијата АТП 1000 во Синсинати, САД со 2:0, по сетови 6:4 и 6:2.
Во полуфиналето на Мастерсот Руне ќе се сретне со Американецот Френсис Тиафо.
Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Јаник Синер од Италија и Александер Зверев од Германија.
Кај тенисерките денешните двојките за полуфиналето се: Швјонтек (Полска) – Сабаленка (Русија) (почеток 17 часот) Пегула (САД) – Бадоса (Шпанија) (19 часот).