Македонскиот кошаркар, Теодор Симиќ потпиша договор на една година со шпанскиот тим Прат кој се натпреварува во третата лига.

Прат е филијала на Хувентуд, односно негов втор тим.

По искуството во Барселона, Симиќ се пресели во Игокеа од Босна и Херцеговина од каде беше пратен на позајмица во Борац Бања Лука каде што настапуваше во претходните две сезони.

Беше поврзуван и со трансфер во МЗТ, меѓутоа на крајот се одлучи за шпанскиот тим.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2024 04:06