Словенечкиот кошаркар Горан Драгиќ и официјално замина во пензија. Во негова чест синоќа во „Арена Стожице“ во Љубљана се одигра проштален натпревар насловен „Ноќ на змејот“.

На него присуствуваа ѕвезди како Лука Дончиќ, Крис Бош, Никола Јокиќ, Никола Вучевиќ и Луис Скола, како и други словенечки играчи.

Соиграчи на Драгиќ беа Стив Неш, Клемен Препелиќ, Влатко Цанчар и Никола Вучевиќ.

Во тимот на Лука Дончиќ беа Богдан Богдановиќ, Никола Јокиќ, Луис Скола и Робин Лопез.

Натпреварот беше прекинат и заврши на 7,7 секунди до крајот во чест на бројот што го носеше Драгиќ. Неговиот тим победи со резултат 108:86, Драгиќ постигна 21 поен, забележа 11 скока, 7 асистенции и 9 украдени топки



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2024 04:10