По 15 години, Винсент Коле ќе ја препушти клупата на француската кошаркарска репрезентација на некој друг, пренесува „БиБаскет“.
Француската кошаркарска федерација во средата одржа состанок на кој беше одлучено да не се продолжи договорот на Коле, кој истече по Олимписките игри.
Така, олимпиското сребро го заокружи петнаесетгодишниот мандат на клупата на Франција, за која за тоа време донесе осум медали од 14 натпреварувања.
Тој го водеше тимот на 253 натпревари, на кои оствари 179 победи и е рекордер по двата параметри. Секоја од наведените информации е своевиден рекорд, а има и најдобар процент на победи во однос на бројот на натпревари.
Покрај тие рекорди, тој е и француски тренер со најмногу трофеи.