Легендарниот дизајнер на болиди во Формула 1, Адријан Њуи следната година ќе се пресели во Астон Мартин, откако ќе го напушти Ред Бул, објавија синоќа британските медиуми.

Ред Бул во мај објави дека 65-годишниот Њуи ќе ја напушти важната функција, откако, како што шпекулираа медиумите, ги влоши односите со директорот на тимот Кристијан Хорнер.

Њуи се согласи да остане во компанијата до почетокот на 2025 година, за да ја заврши работата на болидот RB17 на Ред Бул.

Скај објави дека Њуи ќе заработува 26 милиони долари годишно во Астон Мартин и се очекува да започне на новото работно место во март 2025 година



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2024 17:40