Албански државјанин вчера е приведен поради обид илегално да ја помине македонската - албанската граница кај Дебар.
- Вчера во 11:40 часот полициски службеници од полициската станица за граничен премин „Блато“, кај месноста „Клобочишки пат - Табла“ во близина на Дебар, го приведоа Б.Х. (24) од Пешкопеја-Република Албанија. Тој бил затекнат при обид за илегален премин на македонско-албанската државна граница, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Додава дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ова е прв случај на обид за илегално минување на границата по еден подолг период.
Најчесто определената мерка, која им се изрекува е протерување до граничниот премин "Блато" и предавање на албанската полиција.