Финалистот на Ју Ес Опен, Тејлор Фриц и полуфиналистот Френсис Тиафо не се најдоа на списокот на американската репрезентација за натпреварите од групната фаза во Дејвис купот што стартува следната недела.
Брендон Накашима, Мекензи Мекдоналд, Рајли Опелка, Остин Кричек и Рајев Рам се играчите што Тениската асоцијација на САД ги најави за турнирот, кој започнува во вторник во Кина. Американците се во група со селекциите на Чиле, Германија и Словачка.
Првопласираните две земји во секоја од четирите групи ќе се пласираат во финалето на Дејвис купот од 19-24 ноември во шпанскиот град Малага.