Полициски службеници синоќа привеле тројца велешани откако во нивното возило била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
-Полициски службеници од СВР Велес синоќа во 23:20 часот ги лишиле од слобода 18-годишиот Д.Т., 26-годишниот Д.В. и 25-годишниот М.П. сите од Велес, затоа што при преглед во патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, сопственост на Д.Т., во кое се превезувале другите две лица, од страна на екипи на СВР Велес била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, информираат од СВР Велес.
Како што соопшти попладнево Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес, тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци