Полициски службеници синоќа на локален пат во село Богородица, гевгелиско, го привеле Ј.М.(32) од Србија. Во возило „сааб“ со цол таблички, кое го управувал, биле пронајдени 11 мигранти од Сирија, соопшти МВР.
Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а мигрантите се спроведени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против Ј.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.