Граничните полициски службеници при излез од Албанија, на преминот Тушемиште-Свети Наум, кај Охрид, привела тројца чешки државјани, откако во возилото им била пронајдена дрога, семки од канабис и нож.

-Приведени се чешките државјани Ј.К. (38), Ц.Г. (39) и П.К. (44) години, кај кои при при извршена контрола во втор ред, пронајдени се најлонски ќеси во кесите во кои мало нож, марихуана и 251 грама семе марихуана. Од албанска тие тррбало да минат на македонска територија. Истите се одземени како материјален доказ заедно со нивните мобилни телефони и патни исправи, соопшти полицијата.

Албанската полиција трага по двајца грузиски државјани откако во менувачница во Блишта замениле фалсификувани евра во леки. Станува збор за повозрасни граѓани кои замениле поголема сума на факсификувани евра.

Поради близината полицијата апелира на внимателност и до менувачници, трговски и хотелски објекти, како и безински пумпи и на македонска територија. Додава дека се во контакт со македонските колеги на кои им се доставени фотографии и иденттетот на измамниците.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/10/2024 04:33