Социолозите се згрозени од случајот со врсничко насилство во Скопје. Велат, поразително е што деца со неполни 10 години се обиделе сексуално да злоставуваат соученик во школскиот двор на училиштето Димитар Поп Георгиев – Беровски во Ѓорче Петров, пренесува Телевизија Сител

Според социологот Иванова, поттик за децата најверојатно биле порнографски содржини кои ги гледале родителите, или пак имале неограничен пристап до такви интернет страници.. Појаснуваат дека за деца од 6 или 7 години типично е да прават работи кои претходно ги гледале.

Обидот на двајцата првооделенци да силуваат свој соученик, се случил во вторникот напладне во школскиот двор. Грозоморниот чин сакале да го направат со стаклено шише. Детето веднаш кажало на наставничката, но според информации на Сител, таа не презела ништо. Пријавата дека имало обид за силување, пристигнала по завршување на наставата.

„Во 20 часот во СВР Скопје, 44 годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 11 до 15 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствије врз него“

На детето му бил направен лекарски преглед, а дека имало обид за силување биле алармирани надлежните во училиштето и општината. Наставничката е суспендирана, а за уште четири наставници побарана е дисциплинска постапка. Оставка поднел директорот на училиштето.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/10/2024 06:50