Во водите на Охридското Езеро, спроти туристичката населба Свети Стефан, вчера полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро го лишиле од слобода И.Ц.(63) од Република Албанија, поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“ и прекршок „илегално преминување на државна граница“.

Како што соопштија од МВР, со него бил извршен службен разговор, по што бил предаден во Основен суд Охрид за понатамошна постапка, а уловот бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор - Охрид. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2024 04:29