Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија при СВР Штип вчера го лишиле од слобода М.Ж.(41) од Штип, затоа што при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја, како и различни видови таблети.

Како што соопштија од МВР, при претрес во неговиот дом и помошни простории на две локации во Штип, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја, различни видови таблети, предмети со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Додека, при претрес во неговото возило „цитроен“ била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријва.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2024 20:56