Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Стар Дојран денеска околу 01:00 часот го лишиле од слобода А. С. (36) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 – б од Кривичниот законик, откако претходно, по преземени мерки и добиени оперативни сознанија, на крстосница Богданци полициски службеници извршиле контрола во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.С., при што бил пронајден ранец и траги од превоз на други лица.

Набргу, по преземени мерки, помеѓу селата Стојаково и Богородица биле пронајдени осум лица мигранти од Непал, кои изјавиле дека биле превезувани во возилото и дека заборавиле ранец.

Од МВР информираат дека лицето било задржано во полициска станица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2024 22:20