Полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции вчера во 9:30 часот на наплатна станица Миладиновци во Скопје, го лишиле од слобода Ш.К.(32) од Косово, кај кого при контрола во патничкото возило „мерцедес" со косовски национални ознаки, кое го управувал, во кое бил со уште едно лице, била пронајдена поголема количина стока за која не поседувал никаква документација и околу 40 парчиња бланко бугарски зелени картони, информираат од МВР.

Пронајденото било одземено, а лицето задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2024 04:38