Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот и Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово денеска во 13.30 часот во село Сопот, кумановско, го лишиле од слобода А.Љ.(37) од село Сопот.
Тој, како што информираат од МВР, бил затекнат како во патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, превезува две лица, мигранти од Република Турција од обиколница село Табановце до село Сопот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.