Шпанскиот фудбалски првак Реал Мадрид има намера да го продолжи договорот со бразилскиот крилен напаѓач Винисиус Јуниор, јавија денеска локалните медиуми.

Според спортскиот весник Релево, раководство на Реал е задоволно од настапите на Винисиус, особено на големите натпревари. Дополнително, раководството на Реал е загрижено за можен интерес за Винисиус од клубови од Саудиска Арабија, кои се подготвени да му понудат на играчот поголема плата.

Во исто време и самиот Винисиус не брза да го обнови договорот со Реал. Во моментов ситуацијата со продолжување на договорот не оди напред.

Винисиус игра за Реал Мадрид од јули 2018 година. Севкупно, 24-годишниот Бразилец забележа 279 настапи за тимот, постигнувајќи 91 голови, а додаде и 82 асистенции.

Неговиот актуелен договор е до лето 2027 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2024 01:21