Премиерлигашот Арсенал е заинтересиран за германскиот фудбалер Лерој Сане, објави во денеска весникот „Билд“.
Според истиот извор, крилниот напаѓач на Баерн Минхен е вклучен во листата на потенцијални трансфери на лондонскиот тим, а тренерот Микел Артета има искуство од соработката со Сане во Манчестер сити.
Актуелниот договор на Сане со клубот од Минхен е до лето 2025 година.
Според Билд, раководството на Баерн од своја страна напорно работи на продолжување на договорот со 28-годишниот Сане.