Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ за РТС изјави дека според најновите информации - 13 луѓе загинале откако се урна напладне бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Тројца повредени се префрлени во Клиничкиот центар и се во сериозна состојба.

Тој додаде дека две жени биле извлечени од урнатините и дека спасувачката операција била исклучително тешка.

„Се работи за многу тешка и масивна конструкција, што е многу тешко да се подигне и да се стигне до повредените“, изјави Дачиќ.

Министерот додаде дека се стравува дека има повеќе жртви. Меѓу загинатите е и дете на возраст од шест години.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2024 00:17