Шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетико Мадрид доживотно суспендираше девет навивачи поради расизам и недолично однесување.
Казните уследија откако Атлетико Мадрид ја заврши истрагата по инцидентите кои се случија на дербито против Реал Мадрид, и натпреварот од Лигата на шампиони против Бенфика.
За време на градското дерби во Мадрид, голем број предмети и факели беа фрлени на теренот од трибините на стадионот, додека во Лисабон дел од навивачите на шпанскиот клуб се однесуваа расистички.
Процесот на идентификација на инволвираните траеше речиси еден месец, а клубот во соработка со полицијата го прегледа целиот аудиовизуелен материјал што беше на располагање.
Клубот успеа да идентификува девет лица кои добија доживотна забрана за присуство на натпреварите на Атлетико