Во првиот натпревар од 10. коло на англискиот фудбалски шампионат, Њукасл на домашен терен го совлада попладнево Арсенал со 1-0 (1-0).
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Исак веќе во 12. минута, кога со глава одлично го пренасочи центаршутот на Гордон во мрежата.
Со оваа победа Њукасл скокна на осмото место со 15 бодови, три помалку од третопласираниот Арсенал, кој трето коло по ред е без победа.
Манчестер Сити е на врвот со 23 бодови, еден повеќе од второпласираниот Ливерпул