Актуелниот англиски шампион Манчестер сити му го препушти на Ливерпул лидерското место на табелата во Премиер лигата, откако вечерва го претрпе првиот пораз во оваа сезона на гостувањето во Борнмут со 1-2.

Ливерпул на домашен терен триумфираше над Брајтон со 2-1 и го презеде водството на табелата со 25 бодови, два повеќе од Сити на второто место.

Во преостанатите натпревари од вечерашната програма Њукасл го совлада Арсенал (1-0), Нотингем Форест триумфираше над Вест Хем (3-0), додека Саутемптон беше поуспешен од Евертон (1-0).

Без победник заврши дуелот меѓу Ипсвич и Лестер (1-1)



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2024 04:57