Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора, Весна Меденица денеска е осудена на шест месеци затвор, бидејќи сторила кривично дело злоупотреба на службената положба во врска со поранешниот судија на Основниот Суд на Рожаје, Милосав Зекиќ.

Адвокатот на Меденица ја најави жалбата.

Специјалното државно обвинителство поднесе обвинителен акт против Меденица во кој се товари дека незаконски и без знаење на членовите на Судскиот совет донела одлука и го архивирала предметот на судијката од Основниот суд во Рожаје.

Во образложувањето на пресудата, судијката наведе дека во конкретниот случај Меденица смислено му помогнала на Зекиќ да оствари корист, бидејќи била должна да го извести Судскиот совет за претставката на граѓаните кои укажувале дека судијата незаконски прима пари.

Меденица во завршните зборови побара ослободителна пресуда бидејќи, како што рече, обвиненијата против неа немаат фактичка основа.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2024 04:50