Раководството на елитната кошаркарска Евролига сè уште не одлучила за локацијата на завршниот турнир во 2025 година. Во конкуренција се враќа Абу Даби.

Собранието на Евролигата заврши без да се донесе одлука за локацијата на одлучувачките натпревари од сезоната 2024/25.

Според „Sport24.gr“, главниот град на Обединетите Арапски Емирати се врати во борбата со Белград. Главниот град на Србија претходно важеше за изразит фаворит.

Официјалната одлука каде ќе се решава за престижниот трофеј од Евролигата за тековната сезона се очекува наскоро.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2024 08:40