Поради нереди на протестот во Нови Сад, девет лица се уапсени на барање на Вишото и Основно јавно обвинителство во тој град, се наведува во заедничкото соопштение на двете обвинителства, јави дописникот на МИА од Белград.

Според соопштението, од деветмината уапсени за нереди на вчерашниот протест, шест лица се осомничени за сторено кривично дело -Насилничко однесување на спортски настан или јавен собир, едно лице за кривично дело -Уништување и оштетување на туѓ имот, едно лице за кривично дело -Напад врз службено лице при вршење на службена должност и едно лице за кривично дело -Предизвикување општа опасност.

Во соопштението се додава дека се уште трае потрагата по сторителот на кривичното дело- Оштетување на угледот на Република Србија, додека интензивно се работи на утврдување на идентитетот и на други лица за кои постојат основи на сомнение дека имаат сторил кривично дело -Напад врз службено лице при вршење на службена должност, односно кривично дело -Уништување и оштетување туѓ имот.

Обвинителството посочува дека во врска со кривичното дело предизвикување општа опасност, кое било вршено со истурање фекалии од цистерна пред Градското собрание на Град Нови Сад, на место каде што биле собрани поголем број луѓе, предизвикана е опасност од ширење на инфекција, а на лице место е извршен увид при што вработени во Институтот за јавно здравје од Војводина земале мостри, чија анализа е во тек.

-За време на протестот имаше насилство и уништување имот, како и оштетување на самата зграда на Градското собрание од повеќе лица, заштитната ограда на блиското градилиште на подземната гаража, службениот влез во просториите на Кривичниот суд во Нови Сад и просториите на Српската напредна странка на Булеварот на ослободувањето, каде што беше искинато и знамето на Република Србија, а учесниците на протестот нападнаа неколку полицијски службеници, изјавија од Обвинителството.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2024 12:53