Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја загуби контролата врз тимот поради лошите резултати на тимот во последните натпревари.

Според шпанскиот спортски портал „El Gol Digital, неколку играчи на „Кралскиот клуб“ побарале оставка од тренерот, меѓу кои Федерико Валверде, Килијан Мбапе, Ферланд Менди, Орелиен Чоамени и Едуардо Камавинга.

За возврат, Анчелоти е поддржан од Винисиус Жуниор. Доколку навистина се случи отказот на 65-годишниот Италијанец од Реал, напаѓачот би сакал да го види како селектор во бразилската репрезентација.

Претходно беше објавено дека Анчелоти се соочува со отказ во блиска иднина доколку не се подобрат резултатите на тимот.

Реал по 11 кола е на второто место во поредокот во Ла Лига со 24 бодови. Во Лигата на шампионите, тимот се наоѓа на 17. позиција со шест бода на четири натпревари



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2024 14:43