Чевлите со рубини, што Џуди Гарланд како ликот Дороти во 1930-тите ги носеше во американската филмска класика „Волшебникот од Оз“, одат на аукција речиси 20 години откако беа украдени, соопшти „Херитиџ окшнс“ (Heritage Auctions).
Мајкл Шо, колекционер на холивудски сувенири кој ги поседува чевлиите, на почетокот на февруари ѝ дал дозвола на аукциската куќа со седиште во Далас, Тексас, САД, да ја спроведе продажбата. Интернет-наддавањето почна во понеделникот и ќе трае до 7 декември - денот на аукцијата во живо, се вели во соопштението. Највисоката понуда вчеравечер беше 812.000 долари.
Обувките беа позајмени од Музејот „Џуди Гарланд“ на „Гранд рапидс“ во Минесота, летото 2005 година, кога беа „мистериозно украдени“ сред ноќ... Судбината на исчезнатите чевли остана тајна до 2018., кога ФБИ и властите во Мичиген, ги пронајдоа за време на тајна операција во оваа сојузна држава. Мафијашот Тери Џон Мартин подоцна призна дека ги украл чевлите бидејќи мислел дека „може да обезбеди убава цена“ на црниот пазар, пишува „Ју-ес-еј тудеј“ (USA Today).
На наддавањето има и други сувенири од „Волшебникот од Оз“, на пр. капа на Злобната вештерка, врата од домот на Дороти во Канзас, ракавиците што ги носи Страшливиот лав, примерок од сценариото за филмот, како и слика токму со чевлите на неа.