Дел од здравствените работници во Хрватска трет ден штрајкуваат, а од Синдикатот Заједно велат дека досега никој не ги повикал да се договорат и дека ќе опстојат додека не се исполнат нивните барања.

Нивното барање е да се зголеми основната плата за најмалку 20 отсто и да се промени регулативата за коефициенти.

Штрајкуваат радиолози, лаборанти, здравствени работници, фармацевтски техничари и медицински сестри, кои лекуваат само итни случаи, објавија хрватските медиуми



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2024 13:39