Крилниот напаѓач на Наполи, Квича Кварацхелија е сè поблиску до трансфер во Барселона, јавија денеска италијанските медиуми.

Весникот „Ла Република“ објави дека раководството на каталонскиот гигант веќе стапило во контакт со грузискиот фудбалер и со Наполи.

Според истиот извор, се очекува да биде постигнат договор по завршување на оваа сезона, а трансферот ќе изнесува околу 80 милиони евра.

Медиумите во Италија наведуваат дека грузискиот репрезентативец ја претпочита Барселона пред другиот кандидат за неговиот потпис, ПСЖ, бидејќи во каталонскиот тим гледа поголем потенцијал за освојување големи трофеи.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2024 21:26