Манчестер Јунајтед беше поврзуван со многу неуспешни скапи трансфери во изминатата деценија и бројките го потврдуваат тоа. Салдото на „црвените ѓаволи“ во однос на приходи-расходи за играчите е -1,3 милијарди евра од 2015 година. Овие инвестиции не се претворија во успех на теренот и тоа доведе до серија отпуштени тренери.
Манчестер Јунајтед плати 200 милиони за играчи само на Ајакс, а најголемиот договор беше потпишувањето на Антони во 2022 година за 95 милиони евра. Бразилецот не ги оправда очекувањата и сега е многу ретко во составот. Клубот е подготвен да се раздели со него, но тоа ќе дојде со огромна загуба.
На второто место во рангирањето за овој период веќе е Челси по огромните суми дадени по доаѓањето на Тод Боели во клубот. За „сините“ разликата во приходите и расходите од трансфери е -1,2 милијарди евра. Сепак, лондонскиот тим постигнаа напредок оваа сезона и некои од младите играчи кои пристигнаа во клубот може да се покажат како добра инвестиција.
Францускиот шампион Пари Сен Жермен е на третото место со -991 милион евра, а големиот сон - освојувањето на Лигата на шампионите останува фатаморгана. Следни се Арсенал, Тотенхем и Манчестер Сити, а на седмото место е италијански Милан. Нето трошоците на „росонерите“ се 633 милиони. Зад нив се Њукасл, Барселона и саудиски Ал-Хилал, единствениот неевропски клуб во топ 10. Саудиските ривали на Кристијано Роналдо, Ал-Наср се 14-ти на ранг-листата.
На 11-та позиција е Вест Хем, а потоа следуваат Јувентус, Астон Вила и Баерн Минхен кој има нето трошоци од 442 милиони. Расходите меѓу приходите и расходите за трансфери на Ливерпул, кој е 17-ти на рангирањето, изнесува -366 милиони. „Црвените“ во тој период три пати играа во финалето на Лигата на шампионите