Фудбалерот за врска на Португалија, Бернардо Силва ги искажа впечатоците за натпреварот од Лигата на нации против Полска.

Португалците синоќа во Порто победија со убедливи 5:1.

- Многу сум среќен што го освоивме првото место во групата, тоа беше нашата цел. Се забавувавме, постигнавме многу голови, а кога играме така, нашиот тим е незапирлив. Првото полувреме беше прилично лошо, но второто полувреме беше многу добро и среќни сме што победивме. Не можевме да извршиме притисок врз Полска каков што сакавме, но во второто полувреме се поправивме и ја подобриме ситуацијата, изјави Силва по мечот.

Португалија е на првото место во групата 1 од Лигата А со 13 бодови, Полска е трета со четири бодови.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2024 15:59