Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски посакува со победа да ја заврши групната фаза во Лигата на нации. „Црвено-жолтите“ утре се домаќини на Фарски Острови во 6. коло од четвртата група Ц-сегмент.
- Сакаме со победа да ги завршиме натпреварите во групата. Нема да биде лесно, бидејќи Фарски Острови покажаа дека се квалитетна репрезентација. Ние, иако го обезбедивме првото место, имаме цел да освоиме што повеќе бодови и со тоа да сме што подобропласирани во пресрет на баражот за пласман на Светското првенство 2026, изјави Милевски на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар.
Натпреварот ќе се игра на Национална арена „Тодор Проески“ со почеток во 15 часот.
Македонија е во серијата на четири победи и убедливо на првото место со 13 бода. Фарски Острови собраа шест бода, Ерменија четири, Летонија исто така четири