Пепко го повлекува од српскиот пазар производот PLU 607141 „Art&Craft“ 26 парчиња печати за деца: серија 202403 поради не исполнување на безбедносните стандарди, јави дописникот на МИА од Белград.

Резултатите од анализата утврдија дека производот не ги исполнува барањата на Регулативата (ЕК) 1907/2006 од 18 декември 2006 година за регистрација, евалуација, одобрение и ограничување на хемикалии (REACH) поради надминување на содржината на фталати, соопштија од Пепко.

Од таму појаснија дека овој производ за децата се повлекува од пазарот.

Се повикуваат потрошувачите да го вратат купениот производ во најблиската продавница на Пепко, а како што е наведено во соопштението, трошоците за набавка ќе им бидат вратени на купувачите, додека сметка не е потребна.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2024 15:31